ТЕХО на православна духовна музика- 2016

25-от  меѓународен хорски фестивал ТЕХО ќе се одржи на 11-12 јуни 2016 година во Тетово и Манастирскиот комплекс во село Лешок. Фестивалот е во знак на одбележување на 1100 годишнината од упокојувањето на македонскиот светител- свети Климент Охридски.

Сите хорови учесници се обврзани да исполнат репертоар од православната хорска музика со времетраење од максимум 20 минути. Заинтересираните хорови, за учество на овогодишниот фестивал, своето учество можат да го пријават тука, а за повеќе детали да се обратат на следните телефони 070/ 240-787 и 078/ 844-904

Фестивалот е под покровителство на Министерство за култура на Република Македонија, Тетовско-гостиварска епархија при МПЦ-ОА и  Општина Тетово.