Најава за ТЕХО 2015

Годинешнот фестивал на хорска музика ТЕХО XXIV ќе се одржи на 12-13-14.06 2015 година во Центар за култура “Иљо Антески – Смок” во Тетово и Духовно културниот центар “Кирил Пејчиновиќ” во с. Лешок. Годинешното ТЕХО XXIV е посветено на 110 години од раѓањето на македонскиот композитор Стефан Гајдов. Сите хорови кои сакаат да пријават учество потребно е да исполнат по една композиција од неговото творештво.

Пријавувањето можете да го направите на следниот линк: Пријавување, или со кликање на “Пријавување” во горниот дел на веб страната.