ТЕХО 2015

На овогодинешното ТЕХО кое се одржа во две фестивалски вечери , 13-14 јуни 2015 година, настапија вкупно 16 хорови.

Од Република Македонија учестуваа:

-          Градскиот Женски Младински Хор „МЕНАДА“- Тетово

-          Хорско музичко друштво “Кочо Рацин„- Скопје

-          Женски Младиснки Хор “МКЦ„- Скопје

-          Хорско студио “Рустико„

-          Мешан хор при ДУТ- Тетово

-          Мешан хор “Драган Шуплевски„ при ФМУ- Скопје

-          Мешан хор при ФМУ

-          Камерен хор “Франце Прешерн„-Скопје

-          Мешан градски хор- Охрид

-          Мешан градски хор “Гортинија„- Гевгелија

-          Мешан хор на КУД “Стив Наумов„- Битола

-          Камерен хор “Моис Хасон„- Скопје

Како и секогаш така и овојпат на ТЕХО настапија и хорови од странство:

-          Друштво пријатели на музиката “Rozafa Expression„ – Скадар, Албанија

-          Камерен хор “Стефан Дечански„- Књажевац, Србија

-          Мешан хор „Peja Choir“ –Пеќ, Косово

-          Мешан хор „Ален Мак“ при читалиште „Никола Јонков Вапцаров“- Благоевград, Бугарија

Меѓународниот хорски фестивал, оваа година беше во знак на одбележувањето на два јубилеи. 110 години од раѓањето на Стефан Гајдов, кој се смета за еден од основополижниците на македонското хорско творештво, како и 50 години диригентска дејност на Маестро Томислав Шопов.

Им заблагодаруваме на сите што беа дел од оваа манифестација и ја користиме оваа прилика да ве поканиме на “Меѓународниот фестивал за православна духовна музика ТЕХО 2016

 

                                                                                                Управен Одбор на хорски фестивал ТЕХО